Свет

Сериски убиец напаѓа и убива бездомници во Виена

Сериски убиец напаѓа и убива бездомници во Виена

Виенската полиција трага по сторителот или неколку од нив по три напади врз бездомници, од кои два завршија фатално, јавува денеска агенцијата Хина.

Последната жртва, 55-годишен маж, била пронајдена минатата недела на улица со расекотини и убодни рани. Тој починал вчера, соопшти денеска полицијата. Минатиот месец, на 12 јули, друг маж, 56-годишен маж, беше пронајден избоден до смрт на клупа во паркот.

Десет дена подоцна, 51-годишна жена која престојувала во паркот била слично нападната, но преживеала.

Полицијата смета дека едно или повеќе лица се одговорни за трите напади врз бездомниците.

Хуманитарните организации отворија дополнителни прифатилишта за ноќевањата на бездомниците.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни