Северна Кореја испали балистички ракети со краток дострел во Јапонското Море

Северна Кореја денес испали балистички ракети со краток дострел во Јапонското Море, соопшти јужнокорејската војска, цитирана од Јонхап. 

Во соопштението од Здружениот штаб на јужнокорејската армија се вели дека ракетите биле испукани од областа Вонсан околу 8:50 часот наутро по локално време (02:50 часот наутро по источно време) и прелетале околу 150 милји (240 километри). Северна Кореја испали балистички ракети по четврти пат оваа година. 

Нашата војска внимателно ги следи различните потези на Северна Кореја и е подготвена да одговори на секоја провокација со супериорна сила “, се вели во соопштението на Здружениот штаб на јужнокорејската армија. 

Сеул претходно објави дека севернокорејската војска вчера наутро испалила „неидентификуван проектил“ и дека јужнокорејските и американските разузнавачки агенции моментално го анализираат случајот.