Северна Кореја може да ја одбележи посетата на Бајден на Сеул со ракетна проба

И покрај борбата против бранот КОВИД-19, Северна Кореја се чини дека ги користи деновите пред првата посета на американскиот претседател Џо Бајден на Јужна Кореја за да се подготви за тестирање на интерконтинентална балистичка ракета (ICBM), соопштија јужнокорејски и американски официјални лица.

Има индикации дека проектилот ќе биде лансиран наскоро, изјави јужнокорејскиот заменик министер за национална безбедност Ким Тае-Хјо на брифинг во Сеул.

Се вчитува...

Доколку дојде до мала или голема севернокорејска провокација за време на посетата на Бајден, ние подготвивме план Б“, рече тој. промена на распоредот на посетата на Бајден, рече високиот јужнокорејски претставник.

Американски функционер, кој сакаше да остане анонимен, рече дека најновите разузнавачки информации покажуваат дека Северна Кореја може да тестира интерконтинентална балистичка ракета утре или петок.

Во петок се очекува Џо Бајден да пристигне во Јужна Кореја на неколку дена.