Македонија

Северна Македонија добродојдена во НАТО, Заев: Шпанија наскоро ќе го ратификува Протоколот

Рано утрово лидерите на државите членки се собраа на Самитот на НАТО во Лондон. Северна Македонија иако се уште не е полноправна членка, овде е претставена од делегација предводена од премиерот Заев.  На влезот, праша каде ќе се соберат лидерите.

За прв пат премиерот на земјава седна на заедничка маса со премиерите и претседателите на земјите членки на Алијансата. Иднината на земјава сега има адреса на која е запишана трајната безбедност, а оваа адреса е централното седиште на НАТО во Брисел, истакна премиерот Зоран Заев.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг рече дека во овие 70 години од основањето, НАТО ја обезбедила безбедноста на околу еден билион луѓе.

„На Северна Македонија и премиерот Зоран Заев им се посака топло добредојде на денешната средба. Со нетрпение очекувам Северна Македонија да стане 30 членка. Ова покажува дека вратата на НАТО е отворена и веруваме дека  членството на Северна Македонија во НАТО ќе биде добро и за Северна Македонија и за регионот“, рече Столтенберг.

Британскиот премиер потсети на член 5 од трактатот на Алијансата “Еден за сите, сите за еден“.

„Додека стоиме заедно, никој не може да се надева дека ќе не порази, затоа и никој не би започнал војна. Ова начело е во член 5 на Североатлантскиот трактат, дека доколку некој не нападне нас, сите ќе излеземе во заштита. Доколку НАТО има едно мото, тоа е Еден за сите, сите за еден.“, вели Џонсон.

Домаќинот на овој самит, Џонсон е сретна на кратко со Заев . Од кабинетот на Премиерот велат дека на оваа средба е изразена поддршка од Обединетото кралство за РСМ во спроведување на реформите согласно вредностите на НАТО и ЕУ и дека Скопје целосно заслужува место во Алијансата.

Во ракувањето кое траеше неколку секунди, меѓу Заев и претседателот на Франција, Макрон,  по семејното фотографирање на лидерите, не се слуша што му вели Заев на претседателот Макрон кој во октомври гласаше против РСМ да добие зелено светло за почеток на пристапните преговори.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни