Македонија

Шаќири: Ја почитувам одлуката за штрајк на СОНК, но сметам дека треба да се даде предност на социјалниот дијалог

Шаќири: Ја почитувам одлуката за штрајк на СОНК, но сметам дека треба да се даде предност на социјалниот дијалог

Mинистерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска на прес конференција истакна дека ја почитува одлуката за штрајк на СОНК, но сепак смета дека треба да се даде предност на социјалниот дијалог за надминување на несогласувањата и проблемите.

„Барањето за покачување на платата на наставниците е легитимно и повисоки плати ќе има. Тоа е заложба на Владата“, вели Шаќири.

Шаќири апелираше учениците да се вратат во училишните клупи, да не губат настава и најави дека денеска ќе испрати писмо до СОНК и неговото членство и изрази надеж дека ќе наиде на разбирање.

-Да им озвоможиме на учениците на време да ја завршат учебната година и да ја почнат подготовката или реализацијата на веќе зацртаните планови за нивната иднина, нагласи Шаќири, додавајќи дека тоа е наша законска, етичка и морална обврска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни