Шамарот на Вил Смит изгледаше како муралот на Берлинскиот ѕид

Доминиканскиот уметник Хесус Круз Артилс објави неколку фотографии на Инстаграм на кои се гледа како актерот Вил Смит му удира шлаканица на Крис Рок на Оскарите. Во хаштаговите тој истакна дека муралот е насликан на Берлинскиот ѕид.

„Извини, не можев да одолеам. Како си во реалниот живот? напиша Артилс во описот на објавените фотографии. Имено, муралот е претворен во мем што ги прикажува очекувањата наспроти реалноста, при што Рок претставува „фантастичен живот на социјалните мрежи“, а Смит го прикажува „вистинскиот живот“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eme Freethinker (@eme_freethinker)