21-годишен жител на Струмица е лишен од слобода под сомнение дека извршил обљуба врз 12-годишно девојче. Случајот бил пријавен во полицијата, по што биле преземени мерки и активности за негово расчистување.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 23 ноември во Струмица полициски службеници го привеле Ф.С. (21), за кого постојат сомневања дека истиот ден го сторил делото.
За настанот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Струмица. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.