Shein објави дека привремено ќе го суспендира работењето на својата онлајн продавница во Франција откако француските власти започнаа истрага за наводите дека нивната платформа продавала секс кукли слични на деца.
Одлуката доаѓа кратко откако француската влада објави дека ќе ја суспендира целата платформа во земјата, иако Shein во соопштението изјави дека одлуката е донесена „независно“.
„Ова суспендирање ни овозможува дополнително да ги зајакнеме нашите механизми за одговорност и да обезбедиме дека секој производ што се нуди на платформата ги исполнува нашите стандарди и законски обврски“, рече портпаролот на компанијата Квентин Руфат.
Childlike dolls sold on fast fashion giant Shein for 'lonely men' sparks outrage pic.twitter.com/qC1tU7WCkq
— Daily Star (@dailystar) November 4, 2025
Сепак, останува нејасно дали одлуката ќе ја спречи истрагата што ја започнаа француските власти и дали суспензијата на владата се однесува само на дигиталните операции на компанијата, нејзината физичка продавница што се отвори во Париз оваа недела или и на двете.
Француското Министерство за економија соопшти дека забраната ќе трае сè додека Shein не докаже „дека целата нејзина содржина е во согласност со францускиот закон“. Министрите за економија и мали и средни претпријатија, Ролан Лескир и Серж Папен, објавија дека ќе објават „прв извештај за напредокот“ во следните 48 часа.
Шеин е под зголемен надзор откако францускиот инспекторат за потрошувачи откри продажба на „секс кукли слични на деца“. Конзервативниот пратеник Антоан Верморел Маркес, исто така, поднесе формална жалба, тврдејќи за „Ле Паризиен“ дека и тој пронашол оружје за продажба на страницата.
Порано оваа недела, извршниот директор на Шеин, Доналд Танг, изјави за „Попитико“ дека компанијата формирала „комисија за интегритет“ за да ги разгледа производите што се нудат на платформата и да спроведе внатрешна истрага.
Според соопштението, комисијата сега ќе биде задолжена за „сеопфатен преглед на процедурите за да се обезбеди целосно почитување на францускиот закон и највисоко ниво на заштита на потрошувачите“ за време на суспензијата на пазарот, според „Политико“.
