Свет

Шест метри дистанца – прва средба меѓу Путин и германскиот канцелар

Шест метри дистанца – прва средба меѓу Путин и германскиот канцелар

Во Кремљ започна првата средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новиот германски канцелар Олаф Шолц.

На почетокот на разговорите Путин посочи дека Германија е приоритетен партнер на Русија и дека енергетиката е една од клучните правци на соработката меѓу двете земји.

„Мило ми е што се запознавме, што ве примам во Москва. Веднаш сакам да истакнам дека Германија е нашиот приоритетен партнер воопшто, а особено во Европа“, рече Путин.

Кога станува збор за соработката во областа на енергетиката, Путин нагласи дека Русија е сигурен снабдувач на енергија за Европа, дека нема прекини во снабдувањето и дека процесот се води според пазарните принципи.

Рускиот претседател рече и дека голем дел од времето за време на разговорите ќе биде посветено на прашањето за безбедноста во Европа, вклучувајќи ја и ситуацијата околу Украина.

Шолц изрази задоволство што има можност да разговара со рускиот претседател во сложената ситуација која моментално постои во Европа.

„Сега кога безбедносната ситуација во Европа е комплицирана, мораме да разговараме. Драго ми е што тоа е можно“, изјави Шолц.

Пред средбата, германскиот канцелар положи венец на Споменикот на Непознатиот херој во близина на Кремљ.

Како и претседателот на Франција, така и германската канцеларка не сакаше да направи руски тест за коронавирусот по неговото пристигнување во Русија, но за таа цел дојде лекар од германската амбасада.

Затоа разговорот со Путин изгледа сосема исто како и во случајот со Макрон, односно се одржа од 6 метри далечина, изјави портпаролот на Кремљ.

Шолц дојде во Москва по посетата на Киев, каде што разговараше со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни