Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

Шест пациенти хоспитализирани во Стара градска болница по невремето: Еден повреден од паднато дрво, друг од керамиди

Шест пациенти хоспитализирани во Стара градска болница по невремето: Еден повреден од паднато дрво, друг од керамиди

Вкупно 11 лица побарале медицинска помош по силното невреме што попладнево го зафати Скопје.

Според последните информации, шест пациенти се згрижени во Старата градска болница, четири лица се наоѓаат на Ургентниот центар, додека едно лице само се пријавило во Клиничката болница „8 Септември“.

Повредите кај граѓаните настанале како последица на силниот ветер и паднатите предмети. Според првичните информации, кај дел од пациентите има повреди предизвикани од паднати дрвја, керамиди и други делови од оштетени објекти, додека останатите се со набиеници и посекотини.

Силното невреме предизвика големи штети низ Скопје – паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, возила и инфраструктура. Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на последиците.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни