Македонија

Шестгодишно дете нападнато, соблечено и снимано во училишна соблекувална во Кочани

Шестгодишно дете нападнато, соблечено и снимано во училишна соблекувална во Кочани

Случај на физички напад врз малолетно дете во соблекувална на спортска сала во основно училиште во Кочани е пријавен во полицијата.

Според пријавата, шест и полгодишно дете било физички нападнато и соблечено, а случувањето било снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца, кои биле повозрасни од него.

Случајот на 24 септември во ОВР Кочани го пријавил 42-годишниот татко на детето.

„На 24.09.2026 во 12:45 часот во ОВР Кочани, 42-годишен маж од Кочани пријави дека во соблекувална од спортска сала на основно училиште во Кочани, неговото шест и пол годишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца, поголеми од неговото дете“, соопшти МВР.

За случајот се известени јавен обвинител и Центарот за социјална работа.

Од надлежните институции се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни