Македонскиот шаховски првак Алкалоид се врати на победите на Европското клупско првенство што се игра во Улцињ, Црна Гора.
Фармацевтите во рамките на 4. коло убедливо со 5-1 го совладаа српскиот шампион Итака.
Андрејкин и Инаркиев ремизираа на 2. и 4. табла со Ивиќ и Дамјановиќ додека цели поени освоија Мамедјаров, Ковалев, Шанкланд и Криворучко во дуелите со Инѓиќ, Стојановиќ, Вучиниќ и Кисиќ.
Во овие моменти во рамките на 5. коло Алкалоид игра против екипата на Цирих Гезелшах, првак на Швајцарија.