Овогодинешната претставничка на Шпанија на Евровизија, пејачката Шанел се најде во центарот на скандал поради песната со која ќе ја претставува својата земја на престижното европско натпреварување.
Имено, пејачката Шанел ја изведува песната „Сломо“, која ја потпишуваат Лерој Санчез, Ибере Фортес, Меги Сабо, Кит Харис и Ајен Тонен. Сепак, на нејзината песна на Твитер започна сериозна полемика поради наводниот плагијат.
Таа, како што се тврди, направила плагијат на песната „Екстравагантна“ која пред неколку години во оригинал ја изведе пејачката Дара Бубамара.
„Победничката песна на Шанел треба да биде дисквалификувана поради непочитување на прописите на Евровизија. Тоа е иста како песната на Даре Бубамара од Србија“, е еден од коментарите на Твитер.
„Шанел ја копираше песната Extravagantno. Со сите соништа што излегуваат, оваа песна мора да се отстрани“, се дел од коментарите.
Имаше и такви кои побараа итна реакција од жирито, а како звучат двете песни и колку се слични, проценете сами:
Дара Бубамара – Екстравагантна:
Chanel – Solomo:
