Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со претставници од Општина Штип, присуствуваат на петтата конференција како дел од проектот “Future od Europe reload” во областа Ористано, Сардинија.
Оваа конференција е насловена “Европа поблиску до нас”, а на неа се дискутира на теми од областа во туризмот.
Во овој проект учествуваат повеќе општини од Португалија, Италија, Романија, Бугарија, Шпанија, Полска, а општина Штип и Македонија се единствени во овој проект кои не се дел од ЕУ.
Од Кабинетот на градоначалникот на Општина Штип информираат дека Бочварски остварил контакти и со останатите градоначалници од регионот во Сардинија, каде живеат и македонски граѓани кои претежно се Роми и веќе 15 години се дел од локалната заедница.
Претставниците од Општина Штип заедно со градоначалникот Бочварски го посетија и Универзитетот во Ористано и укажаа на можна соработка со штискиот Универзитет.