Тимот на ОО Црвен Kрст Штип на Меѓународниот дена на хуманоста собира нови донации за 11 членото семејството Мемет, на кои пожар им го пеплоса домот во селото Лакавица.
Секретарот на ОО Црвен Крст-Штип, Викторија Милановска денеска информираше дека обезбедени се училишните ранци и приборот за две дечиња.
-Хумани граѓани донираат мебел, обезбедени се трепезариска маса, столови, тросед и регал. Во соработка со ЈП „Стипион“, во текот на утрешниот ден ќе им го доставиме донираниот мебел. Инаку оние коишто сакаат да донираат мебел или други работи, заедно со возилото на ЈП „Стипион“ го земаме од нивните домови и се носат во домот на семејството Мемет, вели Милановска.
Таа додава дека пред десеттина дена на трите генерации на семејството Мемет донирани се трајни прехранбени продукти, хигиенски средства, бебешки аксесоари, нови ќебиња, постелнина и облека селектирана според возраста на корисниците.
Општинската организација на Црвен Kрст- Штип упатува апел до сите граѓани кои имаат мебел и покуќнина кои не ги користат, како и градежен материјал, да ги донираат за единасет членото семејство.
Општина Штип донираше еднократна парична помош, а семејството што во мементов живее во куќата на соседите обезбедило дел од градежниот материјал, за да започне изградбата на новиот дом.