Што се случува кога јадете лук на празен стомак?

Лукот е моќен антибиотик и антиоксиданс, па затоа го штити вашиот стомак од инфекции и болести.

Треба да го јадеме пред да почнеме да јадеме нешто друго, за да нема ништо друго во стомакот што би ги измешало и асимилирало хранливите материи во лукот.

Се вчитува...

Здравствените придобивки од лукот се многубројни. За сите оние кои се жалат на висок крвен притисок, ова е најлесниот и најбезбедниот начин да го држите крвниот притисок под контрола. Најдобро од се е што го земате еднаш дневно и нема никакви несакани ефекти, како што е случајот со разни лекови.

Воспалението од секаков вид може да се спречи и излечи со лук. Оние кои страдаат од артритис можат да имаат огромна корист од лукот.

Лукот штити од габични инфекции, брадавици, бактерии и сите други бактериски инфекции.

Слабиот имунолошки систем е честа појава денес. Поради падот на имунолошкиот систем често се јавуваат настинки, грип, назални алергии и посериозни болести. Кога вашиот имунолошки систем е силен, тој е во состојба да ве заштити.

Лукот ви дава сила. Едно чешне лук има 12 mg калиум, 5 mg калциум и 100 сулфурни соединенија.

Лукот е многу добар за белите дробови. Ќе ви помогне во превенцијата и лекувањето на дишните органи.

Може дури и да спречи пневмонија, бронхитис, конгестија, кашлица и многу повеќе.