Свет

Шумски пожар во Турција: Најмалку 5 лица загинаа, повеќе од 40 повредени

Шумски пожар во Турција: Најмалку 5 лица загинаа, повеќе од 40 повредени

Најмалку пет лица загинаа, а 44 се повредени во шумски пожари во југоисточна Турција, соопштија денес државните власти.

„Пет лица загинаа, а 44 се повредени, од кои 10 се тешко повредени“ во две области во близина на градот Мардин, напиша на мрежата X министерот за здравство Фахретин Коџа.

На местото на настанот се испратени четири екипи на Брза помош со 35 возила, додаде министерот, пренесува Бета.

Пожарот избувна во четвртокот вечерта во област на околу триесетина километри јужно од Дијарбекир и брзо се прошири поради силниот ветер, а зафати пет села, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Тројца жители од регионот на Дијарбакир и двајца од регионот на Мардин ги загубија животите“, изјави министерот за внатрешни работи на мрежата Икс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни