Шведска денеска потпиша официјално барање за влез во НАТО, еден ден откако земјата објави дека ќе бара членство во воената алијанса од 30 земји, објави Асошиејтед прес.
Шефот на шведската дипломатија Ен Линде го потпиша официјалното барање за приклучување кон алијансата и рече дека ќе биде испратено до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Се вчитува...
„Се чини дека донесовме одлука која е најдобра за Шведска“, рече Линде по потпишувањето на документот.
