Американската медиумска куќа Си-Ен-ЕН отпушти тројца вработени бидејќи ја прекршиле политиката на компанијата.
Имено, тие доаѓале на работа невакцинирани против ковид-19.
„Да бидам појасен, имаме политика за нулта толеранција по ова прашање“, напиша уредникот, Џеф Цукер на Твитер, додавајќи дека е испратено писмо до вработените во кое се наведува дека вакцините се задолжителни за секој што оди во канцеларија или на терен.
Повеќе од една третина од работниците на Си-Ен-Ен доброволно се вратија во редакцијата, а колективното враќање е одложено од 7 септември до средината на октомври.
Исто така, во некои редакции ќе биде задолжително носењето на заштитна маска кога луѓето не јадат или не пијат, а слични одлуки се донеле и во други американски медиуми.