Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска на прес конференција истакна дека седницата на Советот за безбедност траела над 2,5 часа.
Имало три точки на дневен ред, Информирање и размена на мислења за безбедносните дилеми во светот, и нивно влијание врз безбедносната состојба во Македонија и регионот, климата и пожарите и размена на ставови и мислења за евроинтеграцијата по донесувањето на Резолуцијата за Македонија.
Како што вели, имале бурна дискусија.