Македонија

Сиљановска-Давкова ѝ ја честиташе изборната победа на Студентската листа во Србија

Сиљановска-Давкова ѝ ја честиташе изборната победа на Студентската листа во Србија

Изборниот исход во Србија и најавената промена на политичките сили добија реакција и од македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, која им честиташе на српските граѓани, оценувајќи дека покажале демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт.

„Честитки за исходот од денешните избори во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“, напиша Сиљановска-Давкова во објава на социјалната мрежа Икс.

Во пораката, објавена на англиски јазик, претседателката го истакна значењето на изборниот процес и улогата на граѓаните во одлучувањето за политичката иднина на земјата.

На предвремените парламентарни избори во Србија, според објавените проекции, најголема поддршка доби опозициската Студентска листа. Српскиот претседател Александар Вучиќ го призна поразот на својата политичка листа пред објавувањето на конечните официјални резултати.

Според проекциите, Студентската листа освоила меѓу 51 и 52 отсто од гласовите, што би ѝ донело од 138 до 140 пратенички места во парламентот со вкупно 250 места. Листата на Вучиќ, според истите процени, би добила од 103 до 105 мандати.

Изборите се одржаа по речиси две години студентски протести против корупцијата и власта во Србија, кои прераснаа во пошироко движење за политички и институционални промени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни