Македонија

Силекс елиминиран од ЛШ после високиот пораз од Карабах

Македонскиот фудбалски клуб Силекс ги заврши настапите во квалификациите за Лигата на шампионите уште во првото коло, откако доживеа пораз од 4-0 (2-0) на гостувањето кај Карабак во Баку, Азербејџан.

Стрелци за домаќините беа Ромеро (11), Гуерер (40 и 51) и Емрели (80).

По поразот, Силекс ќе игра во второто квалификациско коло од Лигата на Европа. Карабах во второто квалификациско коло ќе игра против подобриот од Шериф Тираспол и Фола Еш од Луксембург.

.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни