Фудбалерите на Силекс одиграа извонреден натпревар против шампионот Шкендија и со победа од 1-0 ги заверија првите три бода во новата сезона.
Вистински еврогол на стартот на второто полувреме постигна Дурански што беше доволно за триумф.
За Шкендија ова е втор пораз на стартот од сезоната.
Прв бод денеска освои Вардар кој одигра без голови со Борец во Велес а голови немаше и на средбата Македонија ЃП – А.Пандев.
Втората победа за лидерската позиција во првенството ја забележа екипата на Ренова и тоа со 2-1 против новолигашот Струга Трим Лум