Македонскиот прволигаш Силекс одигра извонредно квалитетен контролен дуел на подготовките во Анталија и славеше убедливо со 3-0 против казахстанската екипа Актобе.
Се вчитува...
Кратовци предводени од Горан Симов стартуваа со најсилниот состав и покажаа дека одлично ги минаа подготовките во турското летувалиште. Со натпреварот на втората екипа на Силекс попладнево против Химки на кој нашиот прволигаш загуби со 2-1 завршија контролните дуели во Турција.
