Свет

ФОТО: Нов разорен земјотрес во Турција – уништена зграда, има и повредени

ФОТО: Нов разорен земјотрес во Турција – уништена зграда, има и повредени

Силен земјотрес со јачина од 5.6 степени според Рихтер попладнево ја потресе Турција.

Земјотресот е со епицентар 11 km југозападно од Малатија, Турција.

Длабочината е 1 километар.

Гувернерот на Малатија, Хулуси Шахин, кој гостуваше во емисијата ТРТ Хабер, изјави дека е урната една напуштена зграда и има извештаи за неколку повредени.

Инаку, ова тло со месеци не се смирува.

Во февруари на границата меѓу Турција и Сирија имаше силен земјотрес кој срамни цели населби, а загинати имаше над 40 илјади.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни