4NEWS.mk

Силен земјотрес регистриран во Гватемала и во Мексико

Силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во мексиканската сојузна држава Чиапас и во делови од Гватемала.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 90 километри од брегот на Мексико, на длабочина од 60 километри. На околу 280 километри од епицентарот на земјотресот се наоѓа главниот град на Гватемала, Гватемала Сити.

По земјотресот не е објавено предупредување за појава на цунами.

Се уште нема информации за евентуално настрадани луѓе и причинета материјална штета.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни