Свет

Силен земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди северниот дел на Чиле

Силен земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди северниот дел на Чиле

Силен земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на Чиле, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).

Земјотресот се случил на длабочина од 122 километри, соопшти ГФЗ, пренесе Ројтерс.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни