Во живо Ноќно студио во живо Дали системот реагира навреме при насилство? Гледај
Македонија

Силниот ветер направи хаос на патиштата – паднати семафори, канделабри и дрвја кај Гостивар и Тетово

Силниот ветер направи хаос на патиштата – паднати семафори, канделабри и дрвја кај Гостивар и Тетово

Силниот југозападен ветер вечерва предизвика проблеми на повеќе патни правци во западниот дел на Македонија. Паднати дрвја, семафор и канделабра го попречувале сообраќајот, поради што интервенирале дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“.

На магистралниот пат А2, на делницата Гостивар – Стража – Кичево, во близина на клучката Гостивар, силните налети на ветерот собориле семафор и канделабра на коловозот.

Од ЈП „Македонијапат“ информираат дека нивните екипи навремено интервенирале и ги отстраниле паднатите објекти, со што била отстранета непосредната опасност за возачите.

На истиот патен правец, на неколку локации биле регистрирани и паднати дрвја, кои исто така биле отстранети од коловозот.

Проблеми имало и на автопатот Скопје – Тетово, каде што пред Карпалак силниот ветер соборил дрво. Дежурните служби интервенирале и го расчистиле патот.

На регионалниот пат Р1206, на делницата Тетово – Скопје, ветерот предизвикал паѓање на повеќе дрвја, а екипите на „Македонијапат“ продолжуваат со активности за нивно отстранување и нормализирање на сообраќајот.

Од јавното претпријатие посочуваат дека состојбата на патиштата се следи, а дежурните служби интервенираат на местата каде што има пречки за безбедно одвивање на сообраќајот.

Поради неповолните временски услови, до возачите е упатен апел за зголемена внимателност, особено на делниците изложени на силни налети на ветер.

Се препорачува брзината да се приспособи на условите на патот, да се одржува безбедно растојание меѓу возилата и задолжително да се почитува поставената сообраќајна сигнализација.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни