Бран од нестабилно време попладнево захвати неколку региони во југоисточниот дел од земјата. Најпогодени се Струмичкиот, Валандовскиот и Дојранскиот регион, каде што атмосферата е исклучително нестабилна, следена со чести електрични празнења.
На терен се бележат интензивни процеси во облик на невреме, проследени со обилен пороен дожд и силни грмежи. На одделни места постои и висока можност за појава на град, што сугерира на потенцијална опасност од штети врз земјоделските култури, кои се во полн ек во овој дел од државата.
Граѓаните и возачите во овие региони се повикуваат на зголемена претпазливост, особено при движење на отворен простор и по локалните патишта, каде што се възможни ненадејни наноси од вода и слаба видливост.
Службите апелираат на внимателност и следење на понатамошните предупредувања за временските прилики.