Македонија

Син ја усмртил мајка си со остар предмет во тетовско Селце

Четириесет и петгодишник од тетовското село Селце ја убил мајка си во дворот од нивната куќа користејќи остар предмет. По добиената дојава осомничениот е приведен утрово околу  8 часот и 30 минути, а се уште се утврдува времето кога е направено убиството.

-Полициски службеници на СВР Тетово, во тетовско Селце, го лишиле од слобода 45-годишниот У.Д. од ова село, кој се сомничи дека  во дворот пред семејната куќа со остар предмет ја усмртил Н.Д. неговата 73-годишна мајка.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот. Увид извршиле Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина. По наредба на Јавен обвинител, безживотното тело на Н.Д. предадено е за обдукција, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

 Во текот на денов осомничениот У.Д. со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни