4NEWS.mk

Сиот ужас од сириската војна во една слика: Девојче (5) очајно се обидува да ја спаси седуммесечната сестра која виси на урнатините

Нови потресни видеа од бомбардираниот сириски град Идлиб. Петгодишно девојче се обидува да ја спаси својата седум месечна сестричка, додека нивниот татко се наоѓа не неколку метри однив.

Локалните медиуми објавија дека бебето било спасено, но постарата сестра починала во болница, а нивната мајка загинала во бомбардирањата. 

Минатата недела ОН соопштија дека повеќе од 350 цивили се убиени во овој сириски регион, а 330.000 биле принудени да ги напуштат своите домови поради ескалација на конфликтот од пред три месеци.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни