Нема шанси да се најдат преживеани по падот на украинскиот авион во Грција. Сите 8 лица кои биле дел од екипажот на товарниот авион се Украинци.
Нивните тела беа пронајдени вчера. Има информации дека е пронајдена црната кутија на авионот.
Причината поради која истрагата не може да започне е тоа што има расфрлана муниција на теренот во областа на падот.
По сериозен преглед и проверки вчера беше констатирано дека во областа Кавала нема радијација и токсично загадување.