4NEWS.mk

Скопјанец пронајден мртов во сопствениот стан

Во Полициската станица Карпош било пријавено дека во сопствениот стан на бул.„Партизански одреди” бил пронајден починат маж од Скопје.

Во текот на вчерашниот ден околу 18.10 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека во сопствениот стан на бул.„Партизански одреди“ бил пронајден починат З.Т.(64) од Скопје.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Карпош, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни