Скопјанец украл паричници на две вработени па трошел пари од картичките

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Д.Б.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и навлегување во компјутерски систем“.

На 19.06.2019 година во Неготино, во просторија од приватна фирма, пријавениот одзел паричници на две вработени, во кои имало парични средства и електронски картици.

Истиот ден ги употребил електронските картици и направил 13 трансакции, со што се стекнал со противправна имотна корист.

Извор: Сител телевизија