4NEWS.mk

Скопјанка со нож го прободела сопругот

Вчера попладне, 43-годишна скопјанка со нож го прободела сопругот по семејна расправија, нанесувајќи му телесни повреди.

„На 14.08.2019 во 17,50 часот во СВР Скопје, на улица „Христо Татарчев“ била приведена В.К.(43) од Скопје поради тоа што при семејна расправија со нож му нанела убодна рана на нејзиниот сопруг М.К.(43) од Скопје.Од лекар на М.К. му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. В.К. е обезбедена и пренесена во психијатриска болница. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни