Скопје се кандидираше за наградата „најзелен град“ за 2021 година. Главниот град на Македонија е во трка со уште осум евопски градови за оваа награда.
Во трката уште се градовите Лахти (Финска), Вастерас (Шведска), потоа три француски града Лил, Стразбур и Дижон, Каљари од Италија, Тирана од Албанија, и интересно е што во трката е и најчесто споменуваниот во изминатите неколку дена Будимпешта.
Се вчитува...
Во миговите кога Скопје се бори против аерозагадувањето доаѓа оваа апликација за најзелен град. Градот најави дека во следниот период ќе се бори со загадувањето и со подобрување на екологијата со раззелнување на повеќе места низ метрополата.
