Македонија

Скопските улици „Букурешка“, „Париска“ и „Руѓер Бошковиќ“ без вода

Прекин во водоснабдување од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците „Букурешка“ и „Париска“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на улица „Букурешка“ бр.103.

Додека, пак, од 11 часот без вода ќе бидат корисниците од улицата „Руѓер Бошковиќ“ бр.11 поради дефект во шахта на истата улица.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенциите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни