Претседавачот со Советот на град Скопје, Трајко Славески најави дека ќе поднесе тужба против градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.
Причина за тоа е, како што вели, таа „изнела лага дека барал скап автомобил“.
Тој вели дека Арсовска ќе мора да го докаже тоа, а додаде и дека за такви ситници не се расправа во Советот на Град Скопје.
Инаку, Арсовска на Славевски му рече дека тој не дал ниту еден конструктивен предлог, туку само како што истакна таа, каков скап телефон и службена кола сакал.