Македонија

Славески не заслужува да биде претседавач на Совет на главен град, истакна Ковачевски

Славески не заслужува да биде претседавач на Совет на главен град, истакна Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција критикувајќи го однесувањето на претседавачот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски, нагласи дека „таков човек не заслужува да биде претседавач на Совет на главен град“.

Ковачевски наведе дека му сугерирал на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, да им се помогне на општините.

– На министерот за локална самоуправа, кој за среќа е еден од најдобрите поранешни гадоначалници на Скопје, му сугерирав дека треба да направиме се што е во можност во рамки на надлежностите на Владата, заради граѓаните во која било од општините во државата, кај сите градоначалници, без разлика од која политичка партија доаѓаат, истакна премиерот.

Тој ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да се фатат за работа и да доаѓаат на официјални состаноци, а не да измислуваат тајни средби.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни