Славјанка Петровска позитивна на коронавирус: Бев во Собрание и добив покачена температура

„Денес попладнево ненадејно добив покачена температура и омалаксаност додека бев на седница на Собрание. Попладнево се тестирав и за жал резултатот е позитивен. Изминативе денови имав ограничени движење и физичко присуство на состаноци, каде постојано носев заштитна маска“, напиша на Фејсбук, Славјанка Петровска – актуелната пратеничка на СДСМ и поранешната дополнителна заменичка министерка на МВР во техничката влада.

Таа вели дека денеска попладнето добила покачена температура и омалаксаност додека била во Собранието, по што направила тест и резултатот бил позитивен.

.

Извор: ТВ21