4NEWS.mk

Случајот „Тортура“ одложен за 9 октомври

Судењето за начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година „Тортура” продолжува на 9 октомври, откако денешното рочиште беше одложено поради боледување на петтоосомничениот Петар Милошевски кој го повредил коленото.

Судскиот процес го води судијката Александра Ристевска, а застапник на обвинението е Љубомир Лапе.

Јавниот обвинител Љубомир Лапе на почетокот на рочиштето го повлече предлогот Иво Котевски да биде сведок во предметот Тортура.

Претходно судијата ги извести присутните дека двапати се обиделе да го пронајдат и известат Котевски да сведочи но не успеале да стапат во контакт со него.

Во „Тортура“ заедно со Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на единицата Алфи, Ивица Антевски Пуки и уште петмина припадници на единицата. Предметот го отвори СЈО, за потоа да го презеде во надлежност и натамошно постапување Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни