Македонија

Службеното „Ауди А6“ од Општина Струга продадено на аукција за 1,35 милиони денари

Службеното „Ауди А6“ од Општина Струга продадено на аукција за 1,35 милиони денари

Службеното возило „Ауди А6“, кое неколку години го користеше поранешниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко, е продадено на јавна аукција за 1.350.000 денари (околу 22 илјади евра). Новиот сопственик е од битолското подрачје, дознава телевизијата Алсат.

Средствата од продажбата ќе бидат наменети за отплата на дел од стариот долг на Општина Струга, го потврди актуелниот градоначалник Менди Ќира. Продажбата на возилото беше меѓу првите ветувања што ги најави по преземањето на функцијата.

Во меѓувреме, автомобилот беше запленет од извршител од Охрид поради финансиски обврски на општината. Претходно беше соопштено дека почетната цена на аукцијата ќе изнесува 10.000 евра. Возилото е набавено пред шест години.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни