Граѓаните можат повторно да ги плаќаат сметките и да извршуваат други плаќања во готово преку шалтерите на Македонска пошта. Провизијата за плаќање на сметки ќе изнесува 35 денари.
Согласно плановите на Пошта, која важи за загубар со превработување во админстрацијата, тие најпрвин ќе ги прошират своите услуги, со цел намалување на загубите, а потоа би се пристапило кон приватизација или јавно- приватно партнерство.
Во првиот час од работата беа направени над 500 трансакции, вели директорот државната компанија Јани Макрадули.