4NEWS.mk

Снаа добила ќотек од свекрвата, а сопругот и се заканувал

 Снаа од скопското село Мирковци вчера физички била нападната од свекрвата, а сопругот и се заканил дека ќе ја убие.
 
Од МВР информираат дека утринава во 1:15 часот во СВР Скопје, К.С.(29) од Мирковци пријавила дека на вчера околу 21 часот во семејниот дом во селото, по претходна расправија, била физички нападната од свекрвата Д.П.К., а потоа и нејзиниот сопруг Д.К. ѝ упатувал закани по живот.
 
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни