Снег, мраз, невреме и урагански ветрови и невреме предизвикуваат проблеми во сообраќајот во Лика, Горски Котар, но и на некои патишта во Истра.
Затворен е дел од автопатот А1 меѓу клучките Свети Рок и Поседарје, како и Јадранската магистрала меѓу Сењ и Света Марија Магдалена, како и државниот пат меѓу Масленица и Затон Обровачки. Мостот Паг исто така е затворен за секаков сообраќај, јавува ХРТ.
Проблеми во сообраќајот и на автопатот А6 Риека-Загреб има. Поради зимските услови меѓу Делнице и Киковица можат да се движат само патнички возила, а вчера беа блокирани повеќе од 100 камиони, па возачите се револтирани бидејќи не смеат да го користат стариот пат или автопатот.
Надлежните од хрватските автопатишта велат дека треба да се расчистат некои камиони кои синоќа се заглавиле кај Горњи Јелење, па механизацијата не можела да ја расчисти таа делница.
Тој, исто така, додаде дека се надева оти невремето ќе престане и дека по 13:00 часот може да бидат пуштени камиони кон внатрешноста на Хрватска, јавува N1 Загреб.
