Снежна бура на американскиот Среден запад, поради која најмалку пет луѓе загинаа, се движи источно кон Вашингтон.
Најмалку пет луѓе ги загубија животите во сообраќајни несреќи поради лошите временски услови на автопатишта во Мизури и Канзас.
Полицијата соопшти дека „во овој момент состојбата на сите патишта во Канзас е лоша”.
Десетици летови од меѓународниот аеродром во Сент Луис беа откажани. Снег за денеска најавуваат метеоролозите за подрачјето од Њујорк преку Вашингтон до Вирџија.