Во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 дискутираат Халил Снопче од Алијанса за Албанците и Арбр Адеми од ДУИ.
Снопче вели дека има дилеми дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат договор кој води во насока против законот за попис на население.
„Се сомневаме дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат договор да нема закон за попис, додека ние Албанците спиеме“, потенцираше Халил Снопче во „Click Plus“ на ТВ21.
Снопче и Адеми водат жестока дебата во студиото на ТВ21 во однос на Законот за попис. Снопче се сомнева дека ДУИ треба сериозно да се позанимава како партија на власт да нема никакви „сопки“ во Државниот завод за статистика.
Од друга страна пак, Адеми од ДУИ рече дека денеска немало мнозинство во Собранието и дека имало само 59 пратеници, кои не се доволни за исполнување на условот, за гласање на Законот за попис.
Инаку за донесување на законот, потребно е 61 пратеник да гласаа ЗА, предложеното законско решение.
