Балкан

СНС на Вучиќ нема да учествува во парламентарните комисии, местата ги пополнуваат Студентската листа и малцинствата

СНС на Вучиќ нема да учествува во парламентарните комисии, местата ги пополнуваат Студентската листа и малцинствата

Шефот на пратеничката група „Србија победува“, Александар Вучиќ, на денешната собраниска седница соопшти дека групата одлучила да не учествува во работата на комисиите. Како причина ја наведе, како што рече, „уривањето на сè демократско што постоеше во оваа земја“.

Со оваа одлука, СНС реагира на фактот што новото парламентарно мнозинство не ѝ доделило ниту едно претседателско место во работните тела на Собранието.

По најавата, претседателот на парламентот, Александар Чупиќ, на пратениците им го достави предлогот за избор на членови и заменик-членови на парламентарните комисии. Во предложените состави доминираат претставници на Студентската листа, а застапени се и пратеници од малцинските листи.

Меѓу познатите имиња од Студентската листа, Јово Бакиќ е предложен за член на Комисијата за внатрешни работи, Дејан Шошкиќ за член на Комисијата за финансии, додека Александар Бауцал е предложен во Комисијата за европски интеграции.

Претставници на малцинските листи се предложени и во неколку други комисии. Ахмедин Шкријељ од СДА Санџак е предложен за член на Комисијата за уставни прашања и законодавство, Усаме Зукорлиќ од Партијата за правда и помирување во Комисијата за надворешни работи, а Шаип Камбери од Албанската коалиција во Комисијата за човекови и малцински права и родова еднаквост.

Висар Мехмери, исто така од Албанската коалиција, е предложен за заменик-член на Комисијата за култура и информации.

Во предложениот состав на парламентарните комисии нема заменик-членови од Сојузот на војводинските Унгарци.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни