4NEWS.mk

Со автомобил удриле во коњ, повредени сопружници од Делчево и нивното четиригодишно дете

Вчера во 19.30 часот било пријавено дека на место викано „Студена чешма“, атар на с.Ветрен, делчевско, З.П.(38) од Делчево, додека управувал патничко возило „фолксваген голф“, со бугарски национални ознаки, удрил во коњ кој се движел по коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката С.П.(31) и четиригодишно дете сопатник.

Тие биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Делчево.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни