Македонија

Со мачета изнудувале пари кои веќе ги добиле, двајца 23-годишни скопски лихвари ја киднапирале и жртвата, но полицајците ги фатиле

Со мачета изнудувале пари кои веќе ги добиле, двајца 23-годишни скопски лихвари ја киднапирале и жртвата, но полицајците ги фатиле

Обвинителството соопшти дека против две лица поднела кривична пријава за изнуда затоа што користеле мачета за наплата на долгод 900 евра и со сила го натерале должникот да се качи во колата. Инцидентот се случил на 26-ти мај во Скопје, а полицајците успеале да ги уапсат двајцата изнудвачи и да го спасат киднапираниот.

Според обвинителството двајцата осомничени коио работеле во агенција за обезбедување лани летово на 35-годишне скопјанец му „позајмиле“ 55 илјади денари, но до мачетата пресметале дека должникот треба да им врати 360 илјади денари или 7 пати повеќе од оригиналниот долг. Долгот бил вратен во три рати, но лихварите ја продолжиле својата позната насилна игра и барале уште 5 илјади евра.

-Според устен договор требало да ги враќа со камата од 28.000 денари за секои 20 дена и за секој дополнителен ден доцнење уште по 1.000 денари. Врз основа на овој договор, во периодот од јануари 2022 до 09.05.2022 година, оштетениот на осомничените им исплаќал парични износи од 120.000, 180.000 и 60.000 денари. Во целиот тој период осомничените, инаку вработени во агенција за обезбедување, телефонски му се заканувале дека ќе го убијат ако не ги врати парите. Во неколку наврати доаѓале и во неговиот дом, заканувајќи му се нему и на неговиот татко, соопшти обвинителството.

Пред 5 дена повторно го повикале наводниот должник и му се заканиле пред маркет во Чаир кога и го натепале и барале да враќа уште пари. Продолжиле и наредниот ден.

-На 26 мај, пак, го повикале во катна гаража во Карпош, каде што работеле како обезбедување, па му побарале да им даде уште 300.000 денари. Кога оштетениот кажал дека нема, еден од осомничените извадиле опасно орудие – мачета, заканувајќи се на оштетениот дека ќе му ги исече прстите и ќе го убие ако до крајот на денот не ги исплати парите. Го ставиле оштетениот во автомобил и заедно со него се упатиле кон Чаир, но биле пресретнати од полициски службеници, стои во соопштението на обвинителството кое бара притвор за насилните лихвари.

МВР во петокот соопшти дека ја спасиле жртвата од двајцата 23-годишни насилници.

-На 26.05.2022 околу 21.45 часот на бул.„Македонско косовска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Чаир ги лишиле од слобода Х.А.(23) од с.Патишка река, скопско и А.С.(23) од Скопје. Тие се сомничат дека физички го нападнале Б.З.(35) од Скопје и со употреба на сила го внеле во возило „мерцедес“, по што му упатувале закани, поради наводен долг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Подоцна со истрагата е откриено дека насилните лихвари користеле и мачета, што е објавено денеска од обвинителството. Еве го целосното соопштение на обвинителството.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Изнуда од член 258 став 2 од Кривичниот законик.

Со употреба на сила и сериозна закана со опасно орудие – мачета и на особено насилен начин, тие присилиле едно оштетено лице да им даде парични средства во износ од 360.000 денари. Оштетениот, во текот на летото 2021 година, од осомничените позајмил 55.000 денари, кои според устен договор требало да ги враќа со камата од 28.000 денари за секои 20 дена и за секој дополнителен ден доцнење уште по 1.000 денари. Врз основа на овој договор, во периодот од јануари 2022 до 09.05.2022 година, оштетениот на осомничените им исплаќал парични износи од 120.000, 180.000 и 60.000 денари. Во целиот тој период осомничените, инаку вработени во агенција за обезбедување, телефонски му се заканувале дека ќе го убијат ако не ги врати парите. Во неколку наврати доаѓале и во неговиот дом, заканувајќи му се нему и на неговиот татко.

На 25 мај го повикале оштетениот пред маркет на улицата „Македонско-косовска бригада“ и го однеле во мала уличка, при што го удирале, барајќи им веднаш да им ги врати парите. На 26 мај, пак, го повикале во катна гаража во Карпош, каде што работеле како обезбедување, па му побарале да им даде уште 300.000 денари. Кога оштетениот кажал дека нема, еден од осомничените извадил опасно орудие – мачета, заканувајќи се на оштетениот дека ќе му ги исече прстите и ќе го убие ако до крајот на денот не ги исплати парите. Го ставиле оштетениот во автомобил и заедно со него се упатиле кон Чаир, но биле пресретнати од полициски службеници.

Надлежниот јавен обвинител оцени дека постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците и врз оштетениот или да го повторат делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни